- Слика од славниот австриски уметник Густав Климт, за која се верувало дека е загубена, е пронајдена во Виена по еден век.
- Портретот на Фролајн Лизер некогаш припаѓал на еврејско семејство кое живеело во Австрија, а последен пат е виден во јавноста во 1925.
- Судбината по ова не му е позната, но семејството на моменталните сопственици велат дека ја имаат сликата уште од 1960-тите. Вредноста се проценува на повеќе од 54 милиони долари. Откритието е наречено „сензационално“.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
- Денес, четврток 30.05. во 19 часот во Галерија Матица во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), во соработка со семејството Георгиевски, ќе се отвори изложбата на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.
- Изложбата ќе трае до 24 јуни.