- Под слоганот „Приказна се чита“ годинешното издание на Саемот на книга ќе се одржи од 18 до 24 април во Арената Борис Трајковски во Скопје.
- Организаторите велат дека како и претходните години, практично сите издавачи и автори од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите, а Саемот ќе биде надополнет и со повеќе издавачи од регионот, како Србија, Турција, Албанија, Косово и други. Оттаму се најавуваат и средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади.
- „Слоганот ‘Приказна се чита’ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време“, се вели во најавата за годинешното издание.
- Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18 април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24 април. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.